Ekipa
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
ТАЈПЕЈ (АА) - Тајванските медиуми известуваат дека 26 лица загинале кога туристички воз се запалил на прометниот автопат, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција наведува дека несреќата се случила попладне денес на националниот автопат број 2 во округот на Таојуан, јужно од главниот град Тајпеј. Медиумите наведуваат дека во автобусот се наоѓале кинески туристи, но сеуште нема потврда од тајванските официјални лица.
Наводно автобусот удрил во банкина а притоа се запалил. На сликите од местото на настанот се гледа автобусот во пламен и црн густ чад кој излегува од кабината на возачот
Зенг Хао, официјално лице на пожарната бригада на Таојуан, изјави дека вкупниот број на загинати и повредени се уште не е познат.