Zehra Ulucak
18 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Нафтата, која истече на почетокот на септември, стигна до плажите познати како „бразилски Кариби“, пренесува Anadolu Agency (AA).
На североисточниот брег на Бразил во септември истекоа над 100 тони нафта која им се заканува на екосистемите на плажите во 42 града.
Властите потврдија дека нафтата стигнала до Алагоас, најпознатото туристичко место во земјата, познато особено по своите плажи.
Локалната телевизија објави снимка на десетици граѓани во Марагоги кои со лопати се обидуваат да ја отстранат нафтата од плажите.
Бразилскиот институт за животна средина и обновливи природни ресурси (IBAMA) соопшти дека истекувањето на нафтата влијаело на 178 различни подрачја.
Познат по своите природни базени, по бистрата сина вода и белиот песок, брегот на Марагоги го нарекуваат „бразилски Кариби“.
Бразилските власти потврдија дека нафтата, која истече на 11 септември, стигна и до Салвадор, четвртиот најголем град во земјата. Загадени се над 150 плажи.
Нафтата во морето е откриена откако беа пронајдени угинати желки.
Бразилската нафтена компанија „Петробрас“ (Petrobras) соопшти дека не станува збор за нафта од нејзините постројки.