Muhammet Nazım Taşçı
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Се случија тензии меѓу војниците на Индија и Кина во околината на езерото Пангонг на Линијата на фактичка контрола (LAC), која се наоѓа меѓу овие две земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Тајмс оф Индија“ (Times of India), додека индиските единици патролирале во северниот дел на езерото Пангонг, кое има должина од 134 километри и се наоѓа во Ладак, се соочиле со војниците на Кина која контролира две третини на ова езеро.
Двете страни побараа дополнителни сили на местото на настанот, бидејќи извесно време имаше тензија.
Според информациите добиени од воени извори, бил ставен крај на тензиите по средбата реализирана на ниво на команданти на бригадите.
Границата меѓу Кина и Индија е долга 3.500 километри.