Ali Semerci
12 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната организација за миграции (IOM) при Обединетите нации (ОН) соопшти дека само оваа година 350.000 лица биле раселени поради судирите кои се случуваат во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на социјалните мрежи на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции во Јемен, од почетокот на 2019 година досега, поради судирите во Јемен 350.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.
Во соопштението се нагласува дека одблизу ја следат состојбата на мигрантите, со цел да можат да им ја нудат потребната помош, и дека е задолжително да се исполнат ветувањата за спасување на животите на луѓето.
Јемен е средиште на судири меѓу силите на Владата на Јемен и Хусите поддржани од Иран, кои од септември 2014 година држат под своја контрола различни подрачја во земјата, меѓу кои и главниот јеменски град Сана.
Силите на арапската коалиција под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат Владата на Јемен против Хусите.
Според извештајот на ОН за јуни 2019 година, од 2016 година досега во оваа земја животот го загубиле 70.000 лица.