Dildar Baykan
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) им помага на семејствата кои беа погодени од пожарот минатиот месец во кампот Кјини Пјин во регионот Пактаув во Аракан, пренесува Anadolu Agency (AA)
Според писменото соопштение на ТИКА, обезбедена е храна и материјална помош на муслиманите кои избегаа од Аракан поради насилните инциденти во 2012 година, кои се сместени во населените места и камповите околу реката Каладан.

Во соопштението се истакнува дека ТИКА спровела хуманитарна акција со цел да ги обнови бамбусовите куќи што станале неупотребливи како резултат на пожарот што изби во декември.
Во рамките на активностите за помош во подрачјето се доставени пакети кои се состојат од 11 различни продукти со цел да се задоволат итните потреби на семејствата погодени од пожарот.
Се наведува дека помошта била доставена на 250 лица која вклучувала и ќебиња, облека, мрежи против комарци, кујнски прибор и прехрабени продукти, а во втората фаза од помошта беше наведено дека ќе се решат потребите за домување на 60 лица.