AP
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
МОНТЕСИТО (AA) – Силна бура која вчера ги погоди крајбрежните делови на сојузната американска држава Калифорнија заврши, а бројот на жртви сѐ уште не е конечен. Јанериз Муниз, портпаролката на округот Санта Барбара, денес потврди дека загинале најмалку 15 лица, додека триесетина се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бурата вчера ја погоди заедницата Монтесито, каде што за кратко време паднало голема количина дожд, што предизвикало поплави и активирање на свлечишта.
Муниз додаде дека продолжува потрагата по настраданите.