Alma Çekovic
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ЊУЈОРК (АА) - Американски тинејџер освои рекордни три милиони долари на Светското првенство на компјутерската игра „Фортнајт“, кое е одржано во Њујорк, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најголемата награда во историјата на е-спорт ја доби Кајл Гирсдорф (16), кој беше најдобар на првенството на глобално популарната видеоигра.
Настанот е одржан на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк, каде што инаку се одржува тенискиот грен слем „УС Опен“.
Светското првенство дополнително го нагласи феноменот на оваа глобално популарна видеоигра, на што сведочи и наградниот фонд од 30 милиони долари.
Британскиот тинејџер Џејден Ешмен освои повеќе од милион долари за второто место.
„Сè што е сакам е нов стол и можеби комода за мојот трофеј“, изјави Ешмен за „Би-би-си“.
На финалето претходеа десет недели квалификации, а издавачот на „Фортнајт“ потроши вкупно 100 милиони долари во награди и организација.
Играта е објавена во јули 2017 година, а својата најголема популарност ја достигна во 2018 година, откако е овозможено бесплатно играње. „Фортнајт“ низ светот има повеќе од 200 милиони играчи, што ја прави една од најпопуларните игри на светот.