Muhammed Emin Canik
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
БУЕНОС АИРЕС
Во Бразил предизвикува реакции зголемувањето на стапката за уништување на шумскиот појас во Амазон, откако екстремно десничарскиот претседател, Жаир Болсонаро, дојде на власт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Намалувањето на борбата против нелегалното земјоделство и рударство од страна на Владата на Болсонаро се наведува дека е една од причините за зголемувањето на стапката за уништување на шумскиот појас во Амазон. Исто така и запоставувањето на мерките, како што се казните и уништувањето на опремата во заштитените подрачја, играат значајна улога во зголемувањето на стапката за уништување на шумскиот појас во Амазон.
Според податоците на Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE), повеќе од илјада квадратни километри шуми биле уништени во регионот Амазон во јули и тоа претставува најголемо уништување на шумите во текот на еден месец, од август 2016 година.
- Уништената шумска површина се зголеми за 88,4 проценти
Шумската површина во Амазон, која беше уништена во јуни, се зголеми за 88,4 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Долги години пред претседателството на Болсонаро, заштитата на Амазон беше најважниот елемент на политиките за заштита на животната средина во Бразил. Меѓутоа, пред претседателските избори во земјата, Болсонаро истакна дека заштитата на Амазон претставува пречка за економскиот развој на земјата и вети дека областа ќе ја отвори за комерцијална употреба.
Во меѓувреме, научниците нагласија дека заштитата на најголемите светски дождовни шуми на Амазон игра важна улога во борбата против климатските промени.
- „Амазон е на Бразил, не е ваш“
Бразилскиот претседател Болсонаро, минатиот петок на еден настан одржан во Претседателската палата на земјата, одговори на критиките за уништувањето на шумскиот појас во Амазон.
Болсонаро, на прашањето на еден странски новинар за уништувањето на шумскиот појас во Амазон, рече: „Амазон му припаѓа на Бразил, не е ваш“. Тој, исто така, нагласи дека во Бразил е завршена „психозата за животната средина“ и дека постои „хармонија“ меѓу еколошката разновидност и развојот.