Gülbin Yıldırım
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека јапонските производители на автомобили, Тојота и Мазда планираат во САД да отворат монтажна фабрика, вредна 1,6 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Преку својот профил на социјалните мрежи, Tрамп објави дека компаниите „Toyota“ (Тојота) и „Mazda“ (Мазда) планираат да отворат заедичка фабрика во САД.
„Тојота и Мазда ќе отворат нова фабрика вредна 1,6 милијарди долари, и за Американсците ќе се отворат нови 4.000 работни места. Тоа е огромна инвестиција во американската индустрија”, напиша Трамп на својот профил, истовремено потсетувајќи дека тајванската компанија „Foxconn“ (Фокскон) планира да инвестира во фабрика вредна 10 милијарди долари.
Трамп минатата недела информираше дека компанијата „Foxconn“ која е најголем снабдувач на технолошкиот гигант „Apple“ (Епл), планира да отвори фабрика во сојузната држава Винсконсин.
- Се планира да започне да функционира во 2021 година -
На оваа тема, Тојота и Мазда дадоа заедничка изјава, најавувајќи дека отвораат монтажен објект со капацитет за производство на 300.000 возила годишно. Во новата фабрика ќе се обезбеди вработување на 4.000 лица.
Во новата монтажна фабрика, Мазда планира за американскиот пазар да ги произведува новите возила „Crossover“ возила, додека Тојота соопшти дека во фабриката ќе се произведува моделот „Corolla“. Се планира фабриката да почне со производство во 2021 година.
Засега не е соопштена точната локација каде што ќе се гради новата фабрика.