Kemal Zorlak
09 Април 2022•Ажурирај: 10 Април 2022
САРАЕВО (АА) - 21-годишно момче синоќа изврши тројно убиство во српскиот град Чачак, усмртувајќи ги неговите мајка, татко и дедо, наведуваат српските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трагедијата се случила во населбата Атеница, а 21-годишникот, кој е осомничен за убиството на неговите мајка, татко и дедо, приведен е во населбата Обреж, недалеку од местото на злосторството.
Соседите и граѓаните на Чачак се шокирани од ова злосторство какво што не се памети во овој регион. Во извештаите се наведува дека семејната трагедија се случила синоќа меѓу 21 и 22 часот. 21-годишниот Илија, прво ги спуштил ролетните на прозорците, а потоа ги заклал најблиските членови на семејството, по што ја напуштил куќата.
Трите члена на семејството во безживотна состојба ги нашол братот на Илија.