Diyar Güldoğan
02 Август 2025•Ажурирај: 06 Август 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека две нуклеарни подморници за кои наредил да бидат распоредени по коментарите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се „блиску до Русија“, пренесува Анадолу.
„Да, тие се поблиску до Русија“, рече Трамп во интервју за „Њузмакс“ кога беше прашан за локацијата на подморниците.
Трамп претходно изјави дека наредил распоредување на две американски нуклеарни подморници во „соодветните региони“ поради ескалација на вербалната војна со Медведев.
„Поранешниот претседател на Русија, кој сега е задолжен за еден од најважните совети, Медведев, кажа некои работи кои се многу лоши, зборувајќи за нуклеарно (оружје). И кога ќе го споменете зборот нуклеарно, - знаете, ми светнуваат очите и велам: "Подобро да бидеме внимателни, бидејќи тоа е крајната закана". Не требаше да го кажам тоа.“
„Тој има ’влажен јазик’. И во минатото кажуваше работи, па затоа секогаш сакаме да бидеме подготвени, затоа испратив во регионот две нуклеарни подморници. Само сакам да бидам сигурен дека неговите зборови се само зборови и ништо повеќе од тоа“, изјави Трамп за „Њузмакс“.