Gülbin Yıldırım
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, по состанокот за гранична безбедност и миграции што се одржа во Белата куќа, им одговараше на прашањата на претставниците на медиумите за можноста од поворно затворање на федералната влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп истакна дека доколку не се затворат празнините во законите за миграции, тогаш ќе дојде до затворање на федералната влада. „Доколку не го смените системот за миграции, тогаш да ја затвориме владата. Доколку не се реши проблемот со миграциите, би сакал да го видам затворањето на владата”, изјави Трамп.
Овие коментари на Трамп се гледаат како заплашување на демократите во Конгресот, бидејќи останаа уште два дена за усвојување на привремениот буџет, кој ја обезбедува работата на федералната влада.
Конгресот на САД во периодот од 20 до 23 јануари имаше кризен период во кој беше блокирана работата на некои федерални служби и отвори пат за затворање на федералната влада. Доколку заклучно со 9 февруари не биде усвоен привремениот буџет, ќе дојде до повторно затворање на федералната влада.
Затоа, за да не се повтори случајот до кој дојде пред околу 2 недели и затворање на владата по вторпат, потребно е новиот буџет да помине пред Конгресот до 9 февруари.
Главен проблем на преговорите меѓу двете страни, како и претходно, е програмата ДАКА, која заштитува околу 800.000 млади мигранти кои на мала возраст се донесени во САД. Демократите бараат регулатива која ќе им овозможи на мигрантите од програмата ДАКА да добијат државјанство. Наспроти ова барање на Демократите, Републиканците бараат да се направат одредени измени во содржината на финансирањето за висината на буџетот и измени во некои делови од системот за миграции.
Доколку до 8. февруари на полноќ, според локално време, Конгресот во Вашингтон не го усвои новиот предлог за буџет, милиони јавни службеници почнувајќи од 9. февруари, петок, нема да одат на работа, до повторното отворање на институциите, или ќе бидат принудени да работат без да добијат надомест за тоа.
Во досегашната историја на САД, тоа би било 20. затварање на федералната влада, а второ за време на претседавањето на Трамп.
- Што значи „затворање” на федералната влада? -
Според американските закони, доколку Конгресот, почнујвајќи од 1. септември до 30. октомври, во рамките на една фискална година не го усвои постојаниот буџет, потребно е побарувањата да се затворат со привремени буџети.
Во периоди кога привремениот буџет не е усвоен, се затвора федералната влада, бидејќи го губи правото на трошење. Во тој случај, федералната влада треба да ги прекине сите свои активности, освен виталните услуги кои им ги нуди на повеќе од 320 милиони лица.