Afra Aksoy
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
КАИРО (АА) - Администрацијата на Египет на три дена го отвори граничниот премин „Рафа“ на границата со Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Амбасадата на Палестина во Каиро е соопштено дека египетските власти почнувајќи од денес, па во следните три дена, за премин во двете насоки го отвориле граничниот премин „Рафа“.
Од воениот удар на 3 јули 2013 година, Египет го чува преминот „Рафа“ затворен, а го отвора само неколку пати годишно.
Израел има контрола над шест од седум гранични премини кои Египет ги има со Појасот Газа.