Michael Hernandez
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот Доналд Трамп вчера оствари телефонски разговор со саудискиот крал Селман, во врска со напорите да се стави крај на спорот со Катар, истакна Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, кој претходно го нарече Катар поддржувач на тероризмот „на многу високо ниво“, во разговорот со кралот Сeлман ја нагласил потребата од прекин на спонзорирањето на тероризмот и дискредитирање на екстремистичката идеологија.
Државниот секретар, Рекс Тилерсон, неодамна ја заврши посетата на регионот во која се обиде да ги изедначи тензиите откако Ријад ја предводе коалицијата на земји во дипломатскиот притисок за изолирање на Катар.
Од 5 јуни, Доха е под копнена, морска и воздушна блокада наметната од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Јемен, кои го обвинуваат Катар за поддршка на тероризмот.
Катар ги негира тие обвинувања.