Serdar Dincel
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските власти сакаат да постигнат договор со Вашингтон и дека „не сакаат да бидат нападнати“, по повеќемесечната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, јавува Анадолу.
„Очигледно е дека не сакаат да бидат нападнати. Сакаат да постигнат договор. Ќе видиме“, изјави Трамп во интервју за „Панчбоул њуз“ објавено денес.
Вашингтон и Техеран на 18 јуни потпишаа рамковен договор и започнаа преговори за постигнување конечен договор, но имаше застој во преговорите поради несогласувања околу безбедносните гаранции и непреченото пловење низ Ормускиот Теснец.
Тензиите повторно ескалираа минатиот месец, откако САД извршија нови напади на територијата на Иран, по што Техеран возврати со напади низ регионот, вклучително и во Јордан, Бахреин и Кувајт.
Трамп вчера изјави дека преговорите со Иран напредуваат добро и дека наскоро би можело да биде постигнат договор.