Servet Günerigök
04 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нападна својот наследник Џо Бајден, нарекувајќи го „државен непријател“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Најзлобниот, омразен и поделен говор што некогаш го имал американски претседател“, рече Трамп на собир во американската сојузна држава Пенсилванија.
„Тој е државен непријател, ако сакате да ја знаете вистината. Државен непријател е тој и групата што го контролира“, рече Трамп за Бајден.
Неговите изјави дојдоа како одговор на обраќањето на Бајден во четвртокот од Филаделфија, каде што тој ги нападна Трамп и неговите лојални поддржувачи или МАГА (Направи ја Америка повторно голема) републиканците.
Бајден ги обвини Трамп и МАГА-републиканците дека се екстремисти и дека претставуваат закана за „темелите“ на САД.
„Нема сомнение дека Републиканската партија денес е доминирана, водена и заплашена од Доналд Трамп и МАГА-републиканците. И тоа е закана за оваа земја“, рече Бајден. Неговите коментари предизвикаа бурни реакции кај републиканците.
Бајден повлече некои од своите коментари во петокот и рече дека не смета дека поддржувачите на Трамп се закана за земјата.