Fatih Erel
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ДАВОС (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, на Светскиот економски форум во Давос денес изјави дека Палестина мора да се врати на мировните преговори со Израел со цел да добие помош од САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп денес пристигна на швајцарските Алпи и се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој минатата година ја прогласи одлуката за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел при што доведе Палестинците да ги запрат своите преговори со САД.
„Минатата недела не не испочитуваа со тоа што не му дозволија на нашиот потпретседател Мајк Пенс да ги посети, а и дадовме стотици милиони долари помош. Парите се на маса и тие не одат кај нив доколку тие не седнат да преговараат за мир“, вели Трамп.
Денес на прес-конференцијата во Давос, канадскиот премиер Џастин Трудо по состанокот со Нетанјаху инсистираше на дводржавно решение меѓу Израел и Палестина.
Трамп ќе зборува на специјалната завршна сесија на Светскиот економски форум во Давос која ќе се одржи утре.