Gülbin Yıldırım
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на САД Доналд Трамп доживеа тежок политички пораз откако морал да побара од републиканците да го повлечат нацрт законот за реформи во здравствениот систем поради недоволен број на гласови, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Пратеничкиот дом Паул Рајан наводно разговарал со Трамп кој во таа прилика од него побарал да го повлече нацрт законот.
Американските медиуми наведуваат дека на тој начин републиканските лидери сакаа да го избегнат понижувачкиот пораз за американскиот претседател.
Републиканците планираа во петок да гласаат за новиот закон, за им беа потребни 216 гласови од 430 пратеници на долниот дом кој има 237 републиканци и 193 демократи.
Одлуката за повлекување на нацрт законот е донесена кога се покажа дека бројот на противниците меѓу републиканците надминува 30, додека сите демократи беа против.
Новиот закон за здравствено осигурување, кој го поддржува Трамп требаше наводно да внесе значителни промени во досегашниот закон, познат како
„Obamacare", кој прв пат овозможил здравствено осигурување со голем број сиромашни Американци.