Halit Süleyman
25 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
ДАМАСК (AA) - Најмалку десет цивили загинаа во новиот воздушен напад на подрачјето на Источна Гута во сирискиот Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е изведен на подрачјето на Хамурије во Источна Гута, а според прелиминарните податоци загинаа десет, а ранети се десетина цивили.
Примирјето во Сирија со посредство на Турција и Русија договорено е на 30. декември. Режимските сили продолжија со нападните и злосторствата над цивилите, а силите на сириската опозиција во изминатите неколку дена започнаа да одговараат со нападите на положбите на режимските положби.
Делегацијата на сириската опозиција не учествуваше на минатомесечните преговори во Астана, а како причина го наведоа фактот дека силите на режимот не го почитуваат договореното примирје.
По едномесечната пауза во Женева, пред два дена започна петата рунда на преговори со цел пронаоѓање решение за Сирија, во кои и понатаму ќе посредуваат Обединетите нации.