Hakan Çopur
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АA) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод успехот на изборите што се одржаа во неделата во Турција, соопштија од Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, на дневен брифинг, кажа дека се во тек подготовките за разговорот на Ердоган и Трамп.
„Работиме на организирање на разговорот на претседателот Трамп и турскиот претседател Ердоган, за уште еднаш да укажеме на нашите цврсти односи“, истакна Сандерс.
Турција ја повика на чекори за зајакнување на демократијата и продолжување на соработката во решавањето на прашањата во односите со САД.
Сандерс не прецизираше кога ќе се случи разговорот.
Ердоган по резултатите и победата на претседателските и парламентарните избори што се одржаа во неделата во Турција, доби честитки од бројни светски лидери.