Ekip
18 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
ТУНИС (AA) - Во текот на финалниот натпревар на фудбалскиот Куп на Тунис на трибините се појавија транспаренти на поддршка на Катар, на кој некои арапски земји воведоа дипломатски и логистички ембарго, јавува Anadolu Agency (AA).
Мечот помеѓу клубовите Африкаин и Бен Гуердан се играше на стадионот Радес. На трибината каде се наоѓаа навивачите на Африкана се појавија транспаренти на кои пишуваше „Лидери, Ве мразиме", „Го блокирате Катар, а Израел го оставате на мира".
Африкаин славеше победа со голот на Калифа во 3. минута од натпреварот. Двете екипи од овој натпревар го завршија со по 10 играчи, поради црвените картони.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (UAE), Египет, Бахерин и Јемен, во понеделник соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот, го затворија воздушниот простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така, се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатски односи со Катар.