Ekipa
30 Мај 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади на воените авиони на Асадовиот режим врз населените места во зоната на деескалација во Идлиб загинаа пет цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Асадовиот режим изутрина изврши копнени и воздушни напади во Кефер Зита и Шехреназ, кои се наоѓаат во Хама, како и во Хан Шејхун, Маратинуман, Абидин и Шејх Мустафа, кои се наоѓаат во деескалационата зона во Идлиб.
Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана, во воздушните напади во подрачјето на Маратинуман загинале пет цивили, додека голем број цивили се повредени. Над 40 цивили го загубија животот во нападите на Асадовиот режим и неговите поддржувачи извршени во последните три дена.
Тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат со операциите за пребарување и спасување под рушевините од интензивните бомбардирања. Постои загриженост од зголемување на бројот на загинати и повредени.