Emre Gürkan Abay
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, потврди дека на Конгресот за национален дијалог на Сирија, кој е планиран да се одржи кон крајот на месецот во Сочи, ќе присуствуваат околу 1.700 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телефонскиот разговор, Лавров и иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, во пресрет на Конгресот, зборуваа за последните случувања во Сирија.
Разменети се ставови за чекорите што е потребно да се преземат, со цел пронаоѓање политичко решение во Сирија, а во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.
Министрите продолжуваат со консултациите во врска со Конгресот што би требало да биде одржан од 29 до 30 јануари во Сочи, на кој треба да учествуваат околу 1.700 лица.
На преговорите во Астана, на почетокот на мај минатата година, беше договорено воспоставување четири зони без судир во средиштата на најголемите судири во Сирија. За време на јулскиот круг преговори е договорено формирање заедничка работна група.