Enes Canlı
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ТУНИС (АА) - Најмалку двајца полицајци се повредени во главниот град на Тунис, кога непознато лице ги нападнало со нож, јавува Anadolu Agency (АA).
Во соопштението на туниското Министерство за внатрешни работи се наведува дека утринава непознато лице нападнало со нож двајца полицајци пред зградата на Парламентот во Тунис.
Еден од полицајците се здобил со повреди во пределот на вратот, а другиот во пределот на главата.
Нагласено е и дека напаѓачот е уапсен веднаш по нападот, и дека во текот на сослушувањето во полиција е утврдено дека станува збор за лице со екстремистичко размислување.
Не се споделени информации за идентитетот на напаѓачот.
Повредените полицајци се префрлени во болница.
Во непосредна близина на зградата на Парламентот на Тунис, поточно во музејот Бардо, во 2015 година се случи терористички напад. Напаѓачи отворија оган врз посетителите при што загинаа најмалку 22 лица, меѓу кои 21 турист и еден припадник на обезбедувањето.