Sarp Özer
18 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
БАГДАД
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот на таа земја со генералот Јашар Ѓулер допатува во официјална посета на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар и Ѓуер најпрво со најголема воена почест во Багдад ќе го дочека министерот за одбрана на Ирак, Џума Анад Садун Катаб.
Планирано е Акар и Ѓулер потоа да имаат средби и со претседателот на земјата Бархам Салих, премиерот Мустафа ал Кадими и министерот за внатрешни работи Отман ал Гани.
Главна тема на состанокот во Багдад ќе биде соработката на двете земји во областа на борбата против тероризмот.