Yıldız Nevin Gündoğmuş
22 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили извршија воздушен напад врз позициите на терористичката организација ПКК на северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека воздушната акција е извршена на подрачјето на регионот Синат-Хафтан.
Во акцијата се извршени напади врз позициите на ПКК, а уништено е засолниште со муниција, како и засолништа кои како воена позиција ги користеле терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.