Orhan Onur Gemici
05 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили преку воздушно поддржани операции неутрализираа 17 терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, спроведени се воздушно поддржани операции во подрачјата на Авашин, Зап и Гара, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Се вели дека во операциите неутрализирани биле 17 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Според информациите, во последната недела неутрализирани биле вкупно 51 терорист.