Kemal Karadağ
23 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ЈПГ/ПКК на северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските командоси неутрализирале четворица терористи на ЈПГ/ПКК кои се обиделе да влезат во регионот ослободен за време на операцијата „Извор на мирот“.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.