Tufan Aktaş,Abdirahman Mugare
23 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
МОГАДИШУ
Во Могадишу, главниот град на Сомалија, се случи силна експлозија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во близина на полициската станица и трговскиот центар во местото Хамарвејн се случи силна експлозија во која има повредени.
Според првичните информации, експлозијата се случила при неутрализирање на едно лице кое се обидувало да изведе самоубиствен бомбашки напад.
По експлозијата на местото на настанот се испратени амбулантни возила.
Засега нема официјално соопштение во врска со настанот. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Терористичката организација „Ел Шебаб“ во Сомалија често изведува напади во кои цел се безбедносните сили и цивилните населби.