Nilay Kar
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турската црвена полумесечина објави дека ќе испрати 15.000 тони хуманитарна помош до Јемен, земјата зафатена од војна, а исто така и погодена од епидемија на колера, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот со помош ќе отплови во првата недела од јули, од пристаништето Искендерун во медитеранската област Мерсин, и се очекува да стигне до Јемен во рок од шест дена.
Помошта се состои од 10.000 тони брашно и 5.000 тони тестенини, пакети бебешки бисвити, лекови за третман на колера, како и инвалидски колички за онеспособените лица, се вели од хуманитарната организација.
ОН велат дека Јемен се соочува со најлошата епидемија на колера во светот, со повеќе од 13.000 починати лица и над 200.000 сомнителни случаи.
„Додека Африка воглавно се бори против сушата, во Јемен оваа состојба е придружена и од конфликти и од епидемијата на колера“, изјави претседателот на хуманитарната организација Турска црвена полумесечина“, Керем Киник.
„Јемен, за жал, е многу далеку од пронаоѓање на решение за овој проблем со сопствени средства“, рече тој, и додаде дека Турција се обидува да ја спречи беспомошноста испраќајќи помош.
Турската црвена полумесечина, најголемата хуманитарна организација во земјата, исто така ќе организира помош за таа да се дистрибуира до сиромашните луѓе во земјата.
„Годишниот буџет на турската хуманитарна организација се зголеми од околу 85 милиони пред една деценија, до 6 милијарди долари минатата година, изјави турскиот заменик министер за надворешни работи“, Ахмет Јилдиз.
„Според податоците од 2015 година, нашата земја стана најголем донатор во светот земајќи го предвид односот на официјалната хуманитарна помош во споредба со националниот приход“, рече Јилдиз.