Nazlı Yüzbaşıoğlu
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека „кога ги гледаме терористичките напади во Европа за жал разбираме дека проблемот со тероризмот ќе биде многу тежок тест“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Туск заедно со претседателот на Европската комисија организираше прес-конференција во кинескиот град Хангџоу во пресрет на Самитот на лидери на Г-20.
Туск истакна дека Г-20 час поскоро треба да се фокусира на бегалската криза, на борбата со тероризмот и климатските промени.
Toj додаде дека бегалската криза и проблемот со мигрантите треба глобално да се реши и дека е потребно да се фокусира кон главните причини што ја предизвикуаат миграцијата и проблемот со бегалците.
„Јас не зборувам за нелегалните економски мигранти, капацитетот на Европа е при крај за да може да одговори на нови приливи на бегалци“, рече Туск.
Тој истакна дека терористичките напади претставуваат ризик за сите земји, „треба да се заземе еден порадикален и екстремен пристап во борбата против тероризмот. Ова има и финанска димензија. Од големо значење е земјите на Г-20 да ја зголемат соработката во финсирањето на борбата против тероризмот, споделувањето на информациите, замрзнување на сметките и финасирањето на тероризмот да се смета како кривично дело“.
Претседателот на Европскиот совет исто така се осврна и на климатските промени и додаде дека со целосната имплементација на законските акти на ЕУ се надева дека до 2030 година ќе се надмине проблемот со климатските промени.
На поставеното прашање во врска со тероризмот Туск изјави, „кога ги гледаме терористичките напади извршени во Европа за жал разбираме дека проблемот со тероирзмот ќе биде многу тежок тест за нас”.
Тој истакна дека има потреба да се направаат повеќе чекори како и поголема соработка во однос на борбата против тероризмот, и дека одлучниот став против тероризмот на лидерите на Г-20 дава надеж за решавање на овој проблем.
- Брегзит -
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, беше прашан за последиците по економијата на Унијата по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
„Ние мораме да ја почитуваме оваа одлука, но ова не е проблем на ЕУ“, изјави Јункер.
Тој потсети дека ЕУ е составена од 27 земји и продолжи:
„И порано многупати имам истакнато дека главниот принцип е овој: ако сакате слободен пристап на маркетот внатре, тогаш морате да ги почитувате законите којшто гарантираат слободно движење на работниците во внатрешниот пазар. Од друга страна, по Брегзит ние со Велика Британија не станавме непријатели. Од многу аспекти продолжува нашата соработка и партнерство. Ние не ги градиме односите со чувство на омраза, тука со заедничко партенрство“.