Mohamed Sabry Emam Muhammed
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
КАИРО (АА) - Египетскиот суд денес на смрт осуди четири лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен нив, на по 15 и шест години затвор осуден е и двоец поради формирање на единица на ДАЕШ во северниот дел на Египет.
Едно лице кое беше дел од истрагата за поврзаност со терористите, е ослободено од сите обвинувања.
Адвокатот Мосад ал Хамаки за АА изјави дека ниеден од осудените лица „нема политичка припадност”.
Египет е зафатен со немири од 2013 година, односно државен удар во кој е соборен првиот демократски избран лидер на таа земја, Мухамед Морси.