Ekip
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
МОСКВА (АА) - Познат украински новинар беше убиен со автомобил-бомба во главниот град на Киев во утринските часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Најчитанaта онлајн-публикација во земјата, украинска „Правда“ денес објави дека нивниот вработен, познатиот новинар Павел Шеремет (44) беше убиен во експлозија додека влегувал во автомобил за да дојде на работа.
Се додава дека автомобилот е во сопственост на главниот и одговорен уредник на „Правда“.
Шеремет, кој е роден во Белорусија, претходно беше „трн во окото“ на белоруските и руските претставници пред да се пресели во Украина, поради, како што рекол, помалку пречки за независно известување.