Ruslan Rehimov
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
БАКУ (АА) – Во Азербејџан е затворен Универзитетот „Кафкас“, кој е поврзан со ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за образование на Азербејџан, според поднесеното барање од страна на основачот на Универзитетот „Кафкас“, Министерството донело одлука да се затвори Универзитетот.
По пристигнувањето на документите во Министерството во врска со затворањето на Универзитетот кој е поврзан со ФЕТО/ПЈД, ќе се формира работна група за пренесување на учениците во други институции.
Универзитетот „Кафкас“, кој е основан во 1993, познат е како првиот Универзитет на ФЕТО во странство. Универзитетот стана познат со веста дека учениците со сила биле собрани за да кажат „амин“ на клетвата што ја кажа Фетулах Ѓулен, лидерот на ФЕТО, за претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Во 2014, во Азербејџан беа затворени 13 училишта co сомнителни курсеви и 11 средни училишта поради поврзаноста со терористичката организација Фетулахчи.