Dmitri Chirciu
01 Април 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
КИЕВ (АА) - Министерството за одбрана на Украина извести дека руските воени сили уништиле 15 аеродроми во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека Руската армија ја гранатирала Украина со вкупно 1.370 проектили.
Како што информира украинското Министерство за одбрана, во досегашните напади на Руската армија животот го загубиле 148 деца, а повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштиле своите домови.
„Русија уништи 15 аеродроми во Украина. Окупаторите секојдневно практикуваат бруталност. Ова нема да го простиме“, се наведува во соопштението.
- Повеќе од 1.300 населени места во Украина без струја
Министерството за енергетика и индустрија за јаглен на Украина објави дека во земјата нема струја во 1.339 населени места.
Истакнувајќи дека продолжуваат напорите во оваа насока, во соопштението се наведува дека успеале да ја вратат електричната енергија за повеќе од 71.000 жители во регионите на Киев, Доњецк и Шуми, како и во Харков, Николаев, Житомир, Запорожје и Херсон.
Во соопштението се вели дека без природен гас останале 338.000 потрошувачи.