Davit Kachkachishvili
29 Ноември 2025•Ажурирај: 30 Ноември 2025
КИЕВ (АА) - Три лица загинаа, а 29 се повредени во руските воздушни напади врз регионот Киев, кој го вклучува и главниот град, известува Анадолу.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во објава на својот профил на платформата Телеграм наведе дека руската војска извршила напади врз неговата земја со приближно 36 ракети и 600 беспилотни летала.
Зеленски информира дека во нападите загинале три лица, а десетици се повредени во регионот Киев, кој го вклучува и главниот град.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во објава на социјалните мрежи наведе дека цел на нападите биле различни подрачја на главниот град и дека во нападите се повредени 29 лица.
Според писменото соопштение што го објави украинското Министерство за енергетика, руската армија ја таргетирала енергетската инфраструктура во регионите Киев, Харков, Чернигов и Полтава.
Во соопштението се наведува дека нападот предизвикал прекини во снабдувањето со електрична енергија во различни делови од земјата и се додава:
„Како резултат на нападот, над 500.000 луѓе во Киев, над 100.000 во регионот Киев и приближно 8.000 во регионот Харков останаа без електрична енергија утрово“.