Gorana Jakovljevic
27 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ХАРКОВ (АА) - Во руско гранатирање уништен е Центар за стручно образување во украинскиот град Дерхачи во подрачјето на Харков, при што загина најмалку едно лице, известува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Харковската регионална воена управа, Олех Синјехубов, на социјалната мрежа Телеграм објави дека „околу 2:30 часот наутро непријателските сили изведоа ракетен напад на градот Дерхачи, уништувајќи образовна установа“.
„За жал, во нападот животот го загуби 50-годишна жена, а 59-годишен маж е ранет“, наведе Синјехубов.
Делови на Харковскиот регион се под непрекинат руски оган. Според украинските податоци, од почетокот на руската вооружена агресија, во регионот на Харков се убиени повеќе од 1.000 цивили.