Rahmi Gündüz
06 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) соопшти дека за да се достигнат глобалните цели потребни се коренити реформи во образованието, јавува Anadolu Agency (AA).
Од УНЕСКО чиј центар се наоѓа во Париз, денес беше објавен овогодинешниот извештај „Глобален мониторинг на образованието".
Во извештајот се предупредува дека половина век се доцни со достигнување на критериумите кои беа поставени како цел во областа на образованието во Агендата за одржлив развој за 2030 година.
Понатаму се укажува на тоа дека според актуелните трендови, во првостепеното образование во светот универзалните критериуми ќе бидат постигнати во 2042, во второстепеното во 2059, а додека во третостепеното образование дури во 2084 година.
Во извештајот кој е именуван како „Образование за луѓето и планетата“, е побарано образовните системи повеќе да го свртат вниманието на грижата за околината.
Во извештајот, во кој образованието се посочува како најбитен индикатор во врска со чувствителноста на темата за глобалното затоплување, завзема место критиката дека во половина од државите во светот во своите наставни планови не им даваат место на прашањата за животната средина и глобалното затоплување.
Во извештајот е забележано дека од земјите припадници на ОЕЦД само во 40% учениците на 15 годишна возраст се запознаени со основни информации околу животната средина.
Во извештајот се истакнува потребата од коренити промени во начинот на размислување во глобалниот развој со помош на образованието, утврдувајќи ја улогата на образованието како катализатор, како за иднината на планетата, така и за индивидуата да може подобро да се чувствува.
Во извештајот понатаму се потенцира на тоа дека образовните системи треба повеќе да обрнат внимание на културните малцинства и штитење на нивните права, имено во 40% од глобалното население во училиштата им беа држани обуки и предавања на јазик кој не го разбираат во целост.
Само 6% од населението во сиромашните држави, од возрасните групи кои се неписмени успеале да присуствуваат на курсеви за читање и пишување.
Во извештајот стои дека во сиромашните места како Африка, каде што нема услови за образование, има повеќе војни. На пример, скоро половината од населението кое живее во 22 држави под Сахарските предели во Африка во последните 20 години има војна и судири.
Во делот на препораки на извештајот, на учениците во училиштата да им се предава „прва медицинска помош“, на учениците кои живеат во места каде има плодно земјоделско земјиште да им се предава земјоделие. На мајките од под Сахарската област до 2030 година ќе им бидат држани обуки од кои се очекува дека во периодот 2050 – 2060 година 3,5 милиони деца да бидат поштедени од смрт.