Ekipa
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
САНА (АА) - Во текот на двегодишниот конфликт во Јемен, во редовите на армијата и милитантите имало 1.675 малолетни лица, се вели во извештајот на Меѓународниот фонд за деца (УНИЦЕФ), јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведува дека малолетни лица во воените редови користеле и Хусите, поддржувачи на соборениот лидер Али Абдула Салех, и официјалната армија на Јемен.
„Во текот на двегодишниот конфликт во Јемен, во воените судири учествуваа 1.675 малолетни лица. Малолетни војници користеше и бунтовничка фракција, и официјалните вооружени сили на земјата“, се вели во соопштението на канцеларијата на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и за Северна Африка.
УНИЦЕФ објави снимки од малолетен војник од Јемен кој зборуваше за тоа како некои од неговите врсници загинале во судирите.
Од видеоснимката не може да се заклучи во која група припаѓа малолетникот.
„Тие ни дадоа оружје и нѐ испратија во битка. Некои од моите другари беа убиени, поради тоа имам траума. Посакувам војната што побрзо да се заврши и да се вратам на училиште. Сакам да им порачам на врсниците, на постарите и на помладите деца да останат на училиште“, вели неидентификуваниот малолетен јеменски војник.
Од септември 2014 година трае нетрпеливоста и вооружените конфликти меѓу племето Хуси и поддржувачите на соборениот лидер Али Абдула Салех од една, и официјалната Влада на Јемен од друга страна.
Под контрола на бунтовниците се наоѓаат неколку места, вклучувајќи ја и Сана.
Од март 2015 година, меѓународната коалиција под раководство на Саудиска Арабија застана во одбрана на официјалните власти, вклучувајќи се во борбата против бунтовниците.