Arif Yusuf,Zeynep Hilal Karyağdı
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади, издаде наредба да се најдат и да се судат демонстрантите кои се приврзаници на шиитскиот лидер Мукдета ес-Садр, и вчера прекршувајќи ја заштитената Зелена зона во која се наоѓаат владините згради, влегоа во зградата на Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот, се вели дека премиерот Ибади на министерот за внатрешни работи Мухамед ел-Габан му дал наредба да се најдат демонстрантите, приврзаници на Садр, кои насилно влегоа во Парламентот, ги нападнаа пратениците и ја оштетија јавната сопственост.
Се вели дека Ибади побарал "тие луѓе да се најдат, да се судат и да ја добијат казната која ја заслужуваат".
Од друга страна, во писмената изјава на шиитскиот Блок на Националната коалиција, чиј член е и премиерот Ибади, се вели "Националната колација го повикува народот, апелите за реформи да не ги користат со цел да се оштети јавната сопственост или да се наруши функционирањето на државата".
Вчера, голем број демонстранти, истовремено и приврзаници на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр, прекршувајќи ја заштитената Зелена зона во која се наоѓаат владините згради, влегоа во зградата на Парламентот. Тие го оштетија внатрешниот мебел, ги кршеа прозорците и масите.