Ahmed Gouda
16 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Најмалку еден милион луѓе во Газа под присила ги напуштија своите домови за само една недела, соопшти доцна синоќа Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), известува Анадолу.
„Најмалку милион луѓе беа присилени да ги напуштат своите домови за само една недела. Река од луѓе продолжува да тече кон југ“, објави УНРВА.
Во соопштението се истакнува дека „ниту едно место не е безбедно во Газа“.
Најмалку 2.670 лица загинаа во израелските напади на блокираниот палестински Појас Газа од 7 октомври досега.
Во израелските напади на Газа ранети се најмалку 9.600 Палестинци.