Ikrame Imane Kouachi
29 Декември 2024•Ажурирај: 30 Декември 2024
ГАЗА (АА) – Бебе старо 20 дена почина денес поради големиот студ и недостигот на греење во бегалските шатори во централна Газа, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Бебето, Џума ал-Батран, „почина поради силниот студ“ во градот Деир ал-Балах, истакна Министерството.
„Неговиот брат близнак е на интензивна нега на Одделот за неонатална нега во болницата Ал Акса во централна Газа“, се додава.
Според локалните здравствени власти, со новиот смртен случај бројот на бебиња кои премрзнаа до смрт во Газа во изминатата недела се зголеми на пет.
Израелската армија продолжува со бруталната офанзива во Појасот Газа во која се убиени речиси 45.500 Палестинци, главно жени и деца, која започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Тел Авив наметна блокада на Газа, оставајќи го населението од 2,3 милиони на работ на глад.
Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.