Ekip?
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ЗАМБОАНГА (АА) - Филипинската полиција денес потврди дека милитантната група Абу Сајаф која што е поврзна со ДАЕШ, ослободила 10 индонезиски морнари кои биле киднапирани од брод кон крајот на март, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на јужниот остров од провинцијата Сулу, каде што живее мнозинско муслиманско население, му кажа на испитувачот „бевме информирани дека анонимни лица ги киднапирале Индонезијците пред куќата на Гувернерот на Сулу (Абдусакир) Тото Тан II".
„Тие беа внесени внатре, беа нахранети. Гувернерот Тeн ми се јави и десетмината ги предадоа во наша надлежност. Сега се подготвуваме да ги донесеме 10-те морнари во Замбоанга и да ги предадеме во нивното конзуларно претставништво, изјави Вилфредо Кајат
Тој не сакаше да даде дополнителни информации.
Неименуван извор за весникот јави дека 50 милиони песоси (1 милион долари) откуп бил платен за ослободување на морнарите.
„Се очекуваше да бидат ослободени меѓу петок и сабота некаде во градот Лук", велат изворите.
Десетте морнари беа грабнати од јужната провинција Тави-Тави во водите каде што Абу Сајаф и поврзаните банди вршат киднапирања за откуп.
Во средината на април уште четири Индонезијци беа киднапирани од реморкерот во најјужниот град Ситангкаи лоциран околу 50 наутички милји северозападо од Малезиската источна држава Сабах.
На почетокот на април, четири Малезијци беа киднапирани од страна на вооружени филипински напаѓачи на брегот од Сабах, кој граничи со индонезиската северна провинција Калимантан.
По киднапирањата, трите соседни држави дискутираа за спроведување на заеднички напори за патролирање во водите на регионот.
Киднапирачките банди за откуп често оперираат на јужниот филипински полуостров Замбоанга и островите на провинциите Сулу, Тави Тави и Басилан.
Познато е дека тие ги предаваат своите заробеници на Абу Сајаф и преговараат за откуп, кој доколку се плати, се дели со групата.
Киднаперите ги користат изолираните поморски патишта и крајбрежни области за киднапирање на своите жртви, кои се заробени во изолирани села на Полустровот.