Islam Uddin
27 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Тајфунот Доксури досега одзеде пет животи на Филипини, информираа државните медиуми ова утро, пренесува Анадолу.
Филипинската новинска агенција објави дека четири нови смртни случаи се регистрирани во северниот регион Кордилера.
Исто така, две лица се повредени во регионите Западен Висаи и Калабарзон, југозападно од главниот град Манила.
Од тајфунот Доксури, придружен со силни врнежи, јаки удари на ветрот и поплави, погодени се 230.000 лица, во 836 села на Филипини.
Локалните власти евакуираа илјадници лица на побезбедни места. Тајфунот Доксури оштети 400 куќи.
Во меѓувреме и Тајван пријави најмалку еден смртен случај од поплавите предизвикани од тајфунот Доксури.
Според податоците на Централниот оперативен центар за итни случаи, вчера три лица биле заглавени во поплавените подрачја во Источен Тајван. Пожарникарите спасиле две лица, а третото лице, една жена, починала.
Централното метеоролошко биро издаде предупредување од можни поројни врнежи и силен ветер на југот на Тајван, кое е во сила до петок.
Денес се откажани десетици меѓународни и домашни летови, а училиштата и канцелариите се затворени во некои подрачја.