Ahmet Furkan Mercan
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Филипинскиот Парламент го усвои нацрт-законот на „The Bangsamoro Organic Law“ (BOL) со кој на островите во околината на покраината Минданао им се дава сеопфатна автономија. Законот му е предаден на претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, на одобрување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што во Филипини ја објави локалниот медиум „Phil Star“, законот, со кој покраината и островите се признаваат за „Автономна област Бангсаморо“, по потпишувањето од страна на претседателот Дутерте ќе стапи на сила.
По востанието и судирите со централната филипинска власт кои траат речиси 40 години и смртта на 120.000 лица, на 27 март 2014 година Исламскиот ослободителен фронт Моро (MİKC) и филипинската Влада го потпишаа Сеопфатниот мировен договор Бангсаморо.
Во рамките на мировниот договор, во јули минатата година, до претседателот Дутерте беше испратен на рагледување нацрт-законот Бангсаморо кој предвидува автономија за покраината Минданао и околните острови, каде што претежно живее муслиманско население.
Дутерте на 27 април имаше изјавено: „Пред завршувањето на месец мај, законот Бангсаморо ќе биде усвоен. Доколку Законот не биде усвоен, ќе поднесам оставка од претседателската функција“.
Дутерте изјави дека на овој закон треба да му се даде предност, истакнувајќи дека се изморил од обидите за решавање на тековниот спор за Минданао.
Покрај тоа, Дутерте изјави дека земјиштето на Минданао ќе биде прогласено за реформска зона, што според него, ќе биде важен извор на средства за народот Моро.
Иако Законот уште вчера помина во Сенатот, поради немање кворум во Собранието, не можеше да биде испратен на одобрување од страна на претседателот Дутерте.