Handan Kazancı
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
НЏАМЕНА (АА) - Турската државна фондација за образование презеде училишта на терористичката организација ФЕТО во Чад, непосредно пред официјалната посета на турскиот претедател Реџеп Таип Ердоган на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската фондација Маариф ги презеде овие институции во согласност со протоколот потпишан меѓу владите на Турција и Чад. Помеѓу овие институции се наоѓаат и градинка, три основни училишта, две средни училишта и еден дом.
Овие институции ќе продолжат да работат со администатори и наставници испратени од Маариф.
За време на својот говор, турскиот амбасадор на Чад, Ердал Сабри Ерген, им се заблагодари на челниците на Маариф.
„Овие училишта ќе придонесат многу за образовниот систем на Чад“, вели тој.
Зборувајќи за АА, министерот за образование на Чад, Ахмед Хазали Аџил, изјави дека ваквиот трансфер во училиштата е важен чекор во односите меѓу двете земји.
Вчера, турскиот претседател Ердоган пред неговата тридневна посета на Судан, Чад и Тунис, во Анкара изјави дека Турција е одлучна да ја исчисти Африка од ФЕТО.
Велејќи дека ФЕТО го измамила народот преку лажно образование и услугите за помош, Ердоган додаде:
„Многу африкански земји, веднаш по обидот за државен удар, ги депортираа членовите на ФЕТО и ги префрлија училиштата под водство на турската фондација Маариф“.
Според турското Министерство за образование, Фондацијата Маариф неодамна презеде контрола врз голем број училишта предходно предводени од ФЕТО ширум светот, вклучувајќи 32 во Африка.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот минатогодишен обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.