Esra Taşkın
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Вработените на железниците во Франција штрајкуваат низ земјата со барање за покачување на платите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Работниците на француската компанија на железници (SNCF) со апели на повеќе синдикати бараат зголемување на платите поради зголемената инфлација.
Настанати се прекини во повеќе меѓуградски железнички линии во земјата, како и линиите кои го поврзуваат Париз со околните области.
СНШФ вчера на Твитер соопшти дека ќе има прекини во сите линии на железничкиот сообраќај. Во соопштението беше упатен апел до граѓаните да работат оддома, да ги одложат или откажат нивните патувања.
Од друга страна, од 8 до 10 јули на штрајк ќе одат и вработените на Аеродромот „Шарл де Гол“.