????? ??????????-???????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
АТИНА (АА) – Грција во четвртоткот беше парализирана од првиот генерален штрајк организиран против строгите мерки за избавување од кризата одобрени од кредиторите на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како резултат на штрајкот, сите јавни установи, беа затворени. Аптеките, докторите , учителите и вработените во банките не работеа. Болниците оперираа со намален персонал. Музеите и археолошките места исто така беа затворени.
Транспортот беше во прекин и кон островите.
Според полициските проценки, приближно 25.000 луѓе учествувале во демонстрациите низ Атина, а имало големи демонстрации и низ поголемите градови низ земјата.
Штрајкот беше свикан од страна на работничките синдикати како реакција на мерките од економските реформи наметнати од тригодишниот договор за извлекување од кризата, во исто време кога претставници на кредиторите дојдоа во Атина да разговараат за договорот со владата.