Alaattin Doğru
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
ИЛ ДЕ ФРАНС
Францускиот министер за економија Бруно ле Мер соопшти дека со Комисијата на Европската Унија (ЕУ) е постигнат договор за финансиска помош на француската авиокомпанија „Ер Франс“ („Air France“), која беше негативно погодено од епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, во изјавата дадена за една телевизиска програма истакна дека преговорите со Комисијата на ЕУ се завршени, но дека износот на помошта сè уште не е познат.
Наведувајќи дека оваа добра вест треба да ја охрабри компанијата да биде поконкурентна, министерот Ле Мер рече дека „Ер Франс“ ќе мора да се откаже од некои места за слетување и полетување на аеродромот „Орли“.
Министерот за економија додаде дека државата досега ѝ донирала 7 милијарди евра на компанијата и дека очекуваат „Ер Франс“ да ги намали емисиите на јаглерод диоксид и да стане светски лидер во оваа насока.
Партнерството Ер Франс - КЛМ изгуби 7,1 милијарди евра во 2020 година поради епидемијата на Ковид-19.
Прометот на компанијата се намали за 59 проценти во 2020 година во споредба со претходната година, а нејзиниот долг се удвои и сега изнесува 11 милијарди долари.