Ekipa
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ПАРИЗ (АА) - Француското Национално собрание го усвои предлог-законот што ќе наметне дополнителни ограничувања за осудените за тероризам до период од десет години по нивното ослободување од затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Предлог-законот им овозможува на властите да наметнат ограничување и да го следат движењето на поранешните затвореници преку нараквици на глуждовите, како и да ги ставаат во куќен притвор, но не и да ги стават под мобилен електронски надзор, откако еден ваков напис беше повлечен минатата недела по многу контроверзии.
Во него се бара воспоставување безбедносни мерки против сторителите на терористички престапи по одлежувањето на казната, до период од десет години, за оние за кои властите сметаат дека се особено опасни по безбедноста.
Легислативата сега ќе оди во Сенатот, каде што се очекува бргу да помине, и да се донесе во првата недела од јули.
Последниот глас го даде Јаел Браун-Пивет, претседател на Комисијата за правни работи при Националното собрание.
Предлог-законот дојде во период на обелоденување на официјалните податоци кои покажуваат дека оваа година ќе бидат ослободени 31 осуденик за тероризам во земјата, 62 во 2021 година и 50 во 2022 година.